Во вторник трето прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово во вторник (21 јули) ќе се спроведе третата терестичка дезинсекција против возрасната форма на комарци, информираа од Општина Куманово.

Третманот ќе започне на полноќ, односно во 00:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови, при што ќе бидат опфатени повеќе локации низ градот.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени подрачјата долж реката Кумановка, почнувајќи од Кумановска Бања, преку селото Проевце, локалитетот Бејтови Ниви, кејот на реката, земјоделските површини од другата страна на реката, булеварот „Октомвриска револуција“, околината на Градскиот парк и улицата „Никола Тесла“, просторот кај ООУ „Толи Зордумис“, населбата Диво Насеље, текот на реката во селото Романовце, Градските гробишта, Зелен Рид, булеварот „Трета МУБ“, улицата „11 Октомври“, со посебен акцент на просторот околу Општата болница во Куманово, централното градско подрачје, текот на реката Серава, населбата Перо Чичо и други локации низ градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Удар од гром предизвика пожар во Макреш, опожарени 15 хектари трева и шума (ФОТО)

Во акцијата ќе се користи препаратот „Цитрол УЛВ“.

Од Општина Куманово посочуваат дека доколку временските услови не дозволат спроведување на третманот, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови.

Никола Ивановски