Триесет и четиригодишен жител на липковското село Матејче бил приведен вчера поради издржување затворска казна.
Loading...
– На 12.02.2023 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Л.(34) од село Матејче, Општина Липково, информираат од кумановската полиција.
Како што се додава во соопштението, тој бил баран по потерница по судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 141 о Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
Никола Ивановски