Жител на Липково се обидел да ограби обложувалница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и ептгодишен жител на Липково вчера се обидел да ограби спортска обложувалница во Куманово.

Loading...

– На 04.04.2022 во 14.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.А.(55) од Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој, во спортска обложувалница на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово се обидел да одземе пари од вработената.

Л.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Пожар во станбен објект во Куманово

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)