На регионалниот натпревар во фудбал за жени одржан меѓу основните училишта во Македонија, на финалниот натпревар кој се одржа денеска во Штип, екипата на ОУ “Бајрам Шабани” од Куманово, го освои првото место победувајќи го женскиот фудбалски тим Делчево со резултат 2:0.
Loading...
Стрелец на двата гола за кумановскато училиште е Хасибе Бехлули, јавува порталот Љајм.
Со оваа победа, екипата на жени од ОУ “Бајрам Шабани”, предводена од професор Мустафа Ебиби, ќе учествува во Скопје следната недела, каде ќе се одржи Државен натпревар помеѓу четирите најдобри тима од Македонија.