Жената осомничена за смртта на Дугина наводно видена во Виена

Сподели со своите пријатели

Лицето осомничено дека подметнало експлозив под возилото на Дарија Дугина, ќерката на рускиот филозоф Александар Дугин, кој е близок до претседателот Владимир Путин, наводно е видено во Виена.

Loading...

Украинката Наталија Вовк, за која руската ФСБ тврди дека е убиецот на Дугина, била видена во хотел во Виена во понеделникот вечерта, според гласините што се појавија на Телеграм.

Наводно, Вовк била придружувана од две жени и едно дете, а таа го продолжила бегството од Виена.

Австриското Министерство за внатрешни работи покрена истрага за оваа информација, јавуваат локалните медиуми.