ЖЕНАТА НА САДАМ ХУСЕИН: Му била роднина, водела луксузен живот, па одеднаш исчезнала (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Малку се знае за првата жена на некогашниот лидер на Ирак Садам Хусеин, Саџиди Талфи.

За неа кружеле многу гласини, па е тешко да се утврди што е вистина, а што не.

Жените на најголемите диктатори, покрај своите мажи и покрај нивните злосторства

Loading...

За почеток, се знае дека бракот го договориле нивните родители. Тогаш Садам и Саџида немале ниту десет години.

Освен тоа, таткото на Саџида бил вујко на Садам по мајка му, па така не само што биле сопружници, туку и блиски роднини. Се венчале во 1963. година и имале пет деца. Саџида пред да се омажи работела како учителка, но секако доста напредувала на општественото скалило особено откако станала прва дама.

Носела дизајнирана гардероба, скапоцен накит и сакала да биде русокоса. Една жена која имала прилика да ја запознае рекла дека Саџида сакала да има посветла боја на кожата, па така носела толку пудра „како некој да истурил брашно на нејзиното лице“.

Наводно трговците во Багдад стрепеле од нејзините посети во продавниците затоа што никогаш не сакала да го плати целиот износ. Приказните кои кружат велат дека била немилосрдна токму како и нејзиниот сопргу.

https://twitter.com/byAdolfHitler/status/920831273249202176

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци кои покажуваат дека сте родени еден за друг

Иако Садам Хусен во јавноста се претставувал како примерен маж и татко, бројни љубовници се менувале низ години. Една од нив, Самира Шабандар, на крајот му станала и втора жена.

Иако двајцата биле во брак, тоа не ги спречувало да се видуваат, а по некое време мажот на Самира се повлекол. Меѓутоа, Саџида не ја прифатила замената со друга жена толку лесно.

https://twitter.com/zaidbenjamin/status/632013345898545152

Еден брат на Саџида, а со самото тоа и роднина на Садам, јавно негодувал поради таа афера, но набргу бил замолкант затоа што загинал во чудна хеликоптерска несреќа.

Години подоцна, телохранителот на Сада признал дека му било наредено под леталото да подметне експлозив.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Kоја земја има најмногу временски зони? Не е Русија!

 

Многу членови на семејството Хусеин биле принудени да го напуштат Ирак за време на Заливската војна. Саџида својот луксузен жувот го напуштила во 2003. година пред самиот почеток на инвазијата, меѓутоа, не се знае каде точно престојувала. Се претпоставува дека отишла во Катар.

https://youtu.be/QJRVF60DS5Y

Loading...

Во 2004. година изнајмила тим од околу 20 адвокати да го банрат нејзиниот маж од обвиненијата за воени злосторства, но следната година тимот е распуштен. Набргу заедно со ќерката Рагад се нашла на листата најбарати луѓе во Ирак затоа што ги финансирале сунитските бунтовници.

 

 

Наводно барала азил во Велика Британија со двете ќерки. Иако приајвите никогаш официјално не им се примени, британската влада навела дека „нема обврска да дав азил на луѓе кои учествувале во кршењето на човековите права“.

Пред три години, се појавиле гласини дека починала, но нејзиното семејство ја демантираше информацијата.

Leave a Reply