Земјотрес во Македонија со јачина од 3.7 по Рихтерова скала

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 47 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 92 км југозападно од Скопје, и е со јачина од 3.7 степени според Рихтеровата скала.

Loading...

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југозападните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.

Leave a Reply