Земјотрес во Лихтенштајн прекина дебата за задолжително осигурување од земјотрес (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два земјотреси со јачина од 2,4 и 3,9 го погодија Лихтенштајн во четвртокот попладне, токму додека пратениците расправаа дали малата европска нација треба да воведе осигурување од земјотреси.

Loading...

На видеото што го објави парламентот се гледа дека за неколку секунди се почувствувале два потреси во зградата.

Првиот земјотрес и насмеа на пратеничката на ФБП Бетина Пеколд-Махр, која зборуваше.

Вториот, посилен потрес го натера претседавачот Алберт Фрик привремено да ја прекине седницата и да ја евакуира салата.

Полицијата на Лихтенштајн соопшти дека засега нема информации за жртви или вистинска штета.

Како што се наведува, земјотресите биле почувствувани во делови од Австрија и Швајцарија, како и во јужните германски покраини Баварија и Баден-Виртемберг.

 

Loading...