Земјотрес во Грција: Затворена плажа поради рушење на карпа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди западните острови Закинтос и Кефалонија.

Loading...

Геодинамичкиот институт од Атина соопшти дека подводниот земјотрес се случил денеска во 10 часот и 36 минути, на околу 57 километри југозападно од Ликсури во Кефалонија во Јонското Море и дека потресот бил почувствуван во голем дел од западна Грција.

Противпожарните и спасувачките служби соопштија дека нема извештаи за штети или повредени од земјотресот.

Како што јавија грчките медиуми, поради земјотресот дел од карпата на популарната плажа Навахо на Закинтос паднала во морето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 1.200 мигранти приведени на Крит во последните три дена

На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види прашината која се крена откако дел од карпа падна во вода, како и дека на некои капачи не им е грижа што гледаат, па продолжуваат да пливаат, иако во плитко.

Затворена плажа Навахо

Грчките власти одлучија да ја затворат оваа плажа до понатамошно известување, пишува Greekreporter.

Областа е евакуирана, а на туристите и чамците им е забрането да стигнат до плажата.

Да потсетиме, ова не е прв пат плажата да биде затворена поради истата причина. Имено, во 2018 година имаше и одрон, кога седум лица беа повредени, а грчките власти реагираа со затворање на плажата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 1.200 мигранти приведени на Крит во последните три дена

Една од најубавите грчки плажи беше повторно отворена за туристи во април 2019 година. И беше отворена до денес.