Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Перу

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, објави денес Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Според податоците од Перуанскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој беше почувствуван и во главниот град Лима, беше во регионот на Андите Хунин, на длабочина од 129 километри, објави Ројтерс.

Голем број жители на Лима излегоа на улиците како одговор на земјотресот, додека телевизиските снимки покажаа како пратениците ја напуштаат зградата на Конгресот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија и ЕУ подготвени да се договорат за нов почеток, но поделбите остануваат