Делови од Куманово во понеделник без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово во понеделник привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Електродистрибуција, во понеделник во период од 09:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците од улицата „11 Ноември“ и „Никола Вапцаров“ поради реконструкција на нисконапонски вод.

Прекини во период од 09:00 до 12:00 часот во понеделник ќе има кај месноста Ореов лад, улиците „Питу Гули“ и „Иво Лола Рибар) исто така поради реконструкција на нисконапонски вод.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре против Пелистер