Земјотрес од шест степени во близина на Фукушима

Сподели со своите пријатели

Подводен земјотрес со јачина од шест степени според јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), е регистриран денеска во близина на брегот на префектурата Фукушима во североисточна Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами.

Loading...

Локалните медиуми засега не известуваат за штети или жртви.

Американскиот геолошки институт проценува дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени.

Земјотресот, кој беше почувствуван и во Токио, се случи еден ден по силниот земјотрес во Тајван, во кој загинаа девет лица, над 1.000 беа повредени, а беше направена голема материјална штета.

Земјотресот со јачина од 7 степени беше најсилниот што го погоди Тајван во последните 25 години, а предупредувањата за цунами беа издадени за Тајван, Окинава во југозападна Јапонија и Филипините, но предупредувањето беше укинато неколку часа подоцна.

Јапонија и Тајван често имаат земјотреси и за да се намалат штетите применуваат исклучително строги градежни мерки.

Населението редовно се обучува и за итни мерки што треба да се преземат во случај на елементарни непогоди.

Во Јапонија минатата година се регистрирани 2.227 земјотреси со интензитет од еден или поголем по јапонската шиндо скала, што ја означува сеизмичката јачина, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Loading...

Околу 20.000 луѓе загинаа или исчезнаа во земјотресот во Фукушима во 2011 година, кој уништи неколку департмани на североистокот на земјата.

Подводен земјотрес со јачина од 9 степени предизвика огромно цунами на североистокот на земјата што предизвика нуклеарна катастрофа во централата Фукушима Даичи, најлоша од Чернобил во 1986 година.

По денешниот земјотрес, не е забележана аномалија во фабриката Фукушима Даичи, операторот на централата, која се уште е во фаза на деконтаминација и затворање.