Земјотрес од 6,1 степени го погоди Ел Салвадор

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Ел Салвадор, а според првите информации нема жртви или материјална штета, соопштија локалните власти.

Loading...

Земјотресот, кој се случи во средата, на 60 километри од брегот на западниот регион Либертад и на длабочина од 33 километри, е почувствуван и во други делови на Централна Америка, објави Американскиот геолошки институт.

По него следеа два силни последователни потреси, со јачина од 4,1 и 4,5 степени според Рихтеровата скала, напиша салвадорскиот претседател Наџиб Букеле на мрежата Х, пренесува АП.

Овие земјотреси беа силно почувствувани и во соседна Гватемала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во Келн, едно лице повредено, полициска акција во тек

Според извештајот што го објави Букеле, по земјотресот нема опасност од цунами, а засега нема информации за жртви или материјална штета.