Земјотрес го погоди Измир: Две лица повредени!

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени во земјотресот со јачина од 4,9 степени што денеска ја погоди западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија властите.

Loading...

Градоначалникот на Измир објави дека нема извештаи за поголема материјална штета освен урнатото минаре на џамија, пренесува АП.

Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот со јачина од 4,9 степени, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил утринава во 3:29 часот по локално време и бил проследен со неколку помали последователни потреси, како и почувствуван во околината.

Најмалку две лица се повредени откако скокнале од височина додека во паника се обидувале да ги напуштат своите домови, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Земјотресот се случи неколку дена откако Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала, кој на 30 октомври 2020 година ги однесе животите на 117 лица, потсетува американската агенција.