Земјите од ЕУ усвоија план за намалување на потрошувачката на гас

Сподели со своите пријатели

Земјите од Европската унија усвоија план за доброволно намалување на потрошувачката на гас, со можност за воведување обврска за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто.

Loading...

Земјите од ЕУ денеска официјално го усвоија законот, со што се овозможи минатонеделниот договор да се спроведе во пракса.

Сите земји освен Унгарија и Полска го одобрија законот, се вели во соопштението на Чешката Република, која претседава со ЕУ.

Унгарија се спротивстави на договорот минатата недела, доведувајќи го во прашање легитимноста на правилата на ЕУ кои влијаат на енергетската безбедност на земјата.

Полска, исто така, се спротивстави на конечниот закон, иако минатата недела го поддржа договорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морничаво! Маж го заѕидал телото на својата сопруга во станот

Варшава оцени дека одлуките за енергетските прашања на земјите-членки треба да се носат со едногласна согласност од сите земји.

И Европската комисија „итно ја проценува“ можноста за воведување ограничување на цената на гасот, се наведува во соопштението, без да се прецизира каква форма би имала таа граница, јави Танјуг.