Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува за Литванија, а потоа ќе ги посети Летонија и Естонија во следните неколку дена, рече тој во објава на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, пренесува Хина.
„На дневен ред се безбедноста, интеграцијата во ЕУ и НАТО, соработката во електронското војување и беспилотните летала и натамошната координација на европската поддршка“, рече Зеленски.
Зеленски и литванскиот претседател Гитанас Наузеда по средбата ќе одржат заедничка прес-конференција, соопшти одделно Литванија.
Јавен говор ќе има и Зеленски, соопштија од кабинетот на Наузеда.
Ненадејната посета на Вилнус, жесток поддржувач на Киев, доаѓа како што се приближува втората годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина.
„Претседателите ќе разговараат за војната во Украина, поддршката за Украина и нејзината интеграција во Европската унија и НАТО“, се вели во соопштението од канцеларијата на Наузеда.
Принципиелни партнери
По Литванија, украинскиот претседател Володимир Зеленски оди во Естонија и Летонија, кои ги нарече сигурни пријатели.
„Естонија, Летонија и Литванија се наши сигурни пријатели и принципиелни партнери. Денеска пристигнав во Вилнус пред да одам во Талин и Рига“, напиша Зеленски на својот икс профил, пренесува Танјуг.
Тој во вторникот разговараше со романскиот претседател Клаус Јоханис за начините за зголемување на капацитетот на граничните премини меѓу Романија и Украина, додека во разговор со неговиот полски колега Анджеј Дуда рече дека границата меѓу двете земји треба да биде „граница на единство“ и се заблагодари на Варшава за поддршката.на патот на Украина кон ЕУ и НАТО.
Зеленски ќе учествува и преку видео врска на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос следната недела, кога ќе има „специјално обраќање“ до учесниците.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.