Зеленски вечерва во Тирана, безбедносните мерки на високо ниво

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва треба да пристигне во Албанија, каде утре се одржува самитот Украина – Југоисточна Европа, а Тирана од денеска е под силни безбедносни мерки, пишуваат албанските медиуми.

Loading...

Според Voxnews, околу 1.600 полицајци ќе бидат ангажирани во безбедносните мерки, вклучително и интервентни тимови и антитерористичката служба, додека уште 400 припадници на гардата ќе бидат на готовност, а антиексплозивни групи ќе ја следат ситуацијата.

Се очекува Зеленски да има повеќе билатерални средби во Тирана, меѓу кои и со албанскиот премиер Еди Рамa и со претседателот Бајрам Бегаи.

По самитот на Украина и Југоисточна Европа, на кој ќе учествуваат и претставниците на балканската шесторка, во четврток ќе се одржи самитот на Западен Балкан на кој ќе се разговара за Планот за раст на тој регион.

Се очекува и доаѓањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.