Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се врати во Донбас.
Во видео обраќање, по повод Денот на градот Доњецк и Денот на рударите, кои се слават во Украина последниот викенд од август, Зеленски рече дека Украина не заборавила и нема да заборави ниту еден град и народ.
Доњецк отсекогаш бил еден од најбогатите и најмоќните градови во Украина, рече Зеленски, пренесува Интерфакс Украина.
Според него, Донбас сега е речиси уништен од руските напади.
– Но Украина ќе се врати. Задолжително. Достоинството ќе им се врати на жителите на Донбас. Тоа ќе биде симболизирано со нашето украинско знаме кога ќе го поставиме во Доњецк, Горловка, Мариупол, во сите градови Донбас и Приазов, во сите области под руска окупација: Харков, Запорожје, Херсон. И секако – на Крим. Украина се сеќава на се – рече Зеленски.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.