Зеленски: Се водат жестоки битки за секој метар од Северодонецк

Сподели со своите пријатели

Тешки битки се водат за Северодонецк, каде Русите контролираат поголем дел од градот, разнесоа уште еден важен мост и ја нападнаа термоцентралата во Донецк.

Loading...

Гувернерот на Луганск очекува дека руските сили денеска ќе ја започнат последната офанзива за освојување на тој град.

На запад од земјата, во градот Чорткив, руски ракетен напад оштети воен објект и уништи муниција и гранати доставени од Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика Западот да испрати модерно оружје во Украина.

– Клучната цел на окупаторите не е променета. Го напаѓаат Северодонецк, има борби за секој метар. Се напаѓаат Лисичанск, Бахмут, Славјанск итн., изјави во своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој додава дека Русија испраќа резервисти на терен и дека бројот на загинати припадници на руските сили може да надмине 40.000 до крајот на јуни.

– Во ниту една друга војна не изгубиле толку многу во последните децении, додава тој.