Зеленски пристигна во Даунинг стрит на состанок на британскиот кабинет

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Даунинг стрит, каде што ќе се обрати на состанокот на британскиот кабинет.

Loading...

Британскиот премиер Кир Стармер му посака добредојде на Зеленски, кој ќе биде првиот странски лидер кој лично ќе се обрати пред кабинетот по поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 1997 година, пишува Гардијан.

Зеленски на билатералната средба со Стармер ѝ се заблагодари на Велика Британија за „единството со Киев и поддршката за Украина“.

„Ви благодариме за поканата за привилегијата да бидете овде. Ви благодариме за ова единство. Ја чувствуваме таа поддршка и вашите силни одлуки, тие ни помогнаа да ги браниме слободата и демократијата во Украина и му помогнаа на украинскиот народ“, рече тој.

Тој истакна дека сака да разговара за одлуки кои можат да ѝ помогнат на Украина во војната против Русија.

На билатералната средба Стармер рече дека британскиот парламент е обединет кога станува збор за поддршката на Киев и ја нарече посетата на Зеленски „посебен момент“.

„Тоа е многу посебен момент за нас да ја повториме нашата поддршка за вас и украинскиот народ во борбата против руската агресија и да имаме можност да ја потврдиме нашата решеност да бидеме со вас“, рече Стармер.