Зеленски предупреди на нова руска офанзива во источна Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се подготвува за нова руска офанзива на истокот на земјата.

Loading...

„Забележано е акумулација на руски војници за нови напади во Донбас. Се подготвуваме за тоа“, рече Зеленски.

Според Би-Би-Си, тој изразил скептицизам кон најавата на Русија дека ќе ги намали воените активности околу Киев и Чернигов.

„Никому не веруваме и не веруваме на никакви убави вербални конструкции“, рече Зеленски.

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

Тој нагласи дека нема причина да се верува во таа објава на Русија, со оглед на тоа што руските сили продолжиле да ги напаѓаат Киев и Чернихов и ден откако го дале ветувањето.

Loading...

Смртоносниот бомбашки напад бил забележан и во Ирпин, со засилени напади во регионот на Донбас.

Зеленски уште еднаш посочи дека Украина е посветена на заштита на својата територија.

„Нема да се откажеме од ништо. Ќе се бориме за секој метар од нашата земја, за секој човек“, посочи украинскиот претседател.