Зеленски патува на самитот на Г7 со авион на француската влада

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски патува со авион на француската влада на самитот на Арапската лига во Саудиска Арабија, а подоцна ќе отпатува на самитот на лидерите на Г7 во јапонскиот град Хирошима, изјави информиран извор за Ројтерс.

Loading...

Зеленски ќе присуствува на самитот на Арапската лига подоцна во петок, изјави изворот, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на информациите.

Изворот додаде дека тоа е можност за украинскиот лидер да лобира сојузници и земји кои останаа неутрални во конфликтот меѓу Украина и Русија.

Бидејќи наскоро се очекува украинска офанзива, изворот рече дека е од витално значење Зеленски да продолжи да врши притисок врз своите сојузници Г7 за воена поддршка, рече изворот.

Зеленски, исто така, може да побара разговори лице в лице со лидерите на Индија, Индонезија и Бразил, кои исто така присуствуваат на состанокот во недела, рече изворот.

„Зеленски дава се од себе“, додаде тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.