Дополнителни системи за противвоздушна одбрана ќе пристигнат во Украина во август, септември и октомври, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски на состанокот на членовите на Конгресот на локални и регионални власти од областа Ривне, пренесе Укринформ.
Тој нагласи дека приоритет е заштитата на индустриските и економските центри во земјава.
„Благодарение на нашата работа и партнерите, го зголемуваме бројот на системи Патриот, како и други системи. Затоа, ќе продолжиме да работиме во оваа насока. А во август, септември и октомври во нашата земја ќе пристигнат системи за противвоздушна одбрана“, рече Зеленски.
На состанокот на членовите на Конгресот учествуваа повеќе од 120 луѓе, вклучително владини претставници, претставници на локални власти, компании и банки, а се разговараше за одбраната, регионалната соработка, уредувањето на училишните засолништа и состојбата во енергетскиот сектор.