Зеленски: Напредуваме на југ, блиску сме до Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија, која спроведува контраофанзива против руските окупаторски сили, напреднала на јужниот фронт минатата недела, а има и напредувања кај Бахмут на исток.

Loading...

Неговите последни изјави за тримесечната контраофанзива се чини дека ги потврдуваат оценките на другите официјални лица за напредокот, иако скромен, на исток и југ.

„Во текот на изминатите седум дена постигнавме напредок во (јужниот) сектор на Таврија“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

„Има напредок во секторот Бахмут. Да, има напредок“.

Зеленски рече дека украинските сили држат позиции на другите линии на фронтот на исток – во близина на Авдивка и Маринка, во близина на фокусот на главните руски напади, како и Лиман и Купјанск, кои исто така се цели на руските обиди да напредува понатаму на север.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Русија ја туркаат во Трета светска војна

Кое е значењето на пробивањето на првата линија на одбрана на руските сили во Украина?

Главниот штаб на украинските вооружени сили известуваше за напредокот во близина на Бахмут – местото каде што се водеа најтешките борби речиси една година додека руската армија не го зазеде во мај.

Зеленски и другите функционери велат дека за контраофанзивата е потребно време, а ги отфрлија и критиките на западните медиуми дека се оди премногу бавно поради тактички грешки, како што е испраќањето на војската на погрешни локации, пишува Индекс.

Во интервјуто што го даде за магазинот „Економист“ во неделата, Зеленски рече дека постојаниот напредок е клучен за одржување на моралот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск го исмеа Зеленски: „Бара милијарда долари на секои пет минути“

„Сега имаме пробив. Тоа е важно“, објави Економист.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.