Во своето последно обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија.
„Работиме на тоа да биде навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина“, рече Зеленски.
Да потсетиме, првиот човек на Украина вчера се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и изјави дека имале многу темелни разговори за одбранбените и финансиските прашања и санкциите.
– Конкретно, санкциите ќе обезбедат ограничувања за рускиот енергетски сектор, банкарскиот сектор, извозот, увозот и транспортот – рече Зеленски, кој побара целосно ембарго за снабдување со руска нафта, додавајќи:
САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем сајбер напад
– Состојбата на истокот и југот од државата и понатаму е максимално тешка. Окупаторите не се откажуваат од обидот да постигнат барем некаква победа во новата, обемна офанзива.
Денеска e 57-ми ден откако Русија изврши напад врз Украина.