Зеленски доживеа сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, доживеа сообраќајна несреќа во средата во Киев, јавува Си-Ен-Ен, но тој не е тешко повреден.

Loading...

Според прес-секретарот на Зеленски, „едно возило се судрило со возилото на претседателот на Украина и неговата придружба“.

Лекарите кои го придружувале Зеленски му пружиле прва помош на возачот на тој автомобил и го префрлиле во болница, се вели во соопштението.

„Претседателот беше прегледан од лекар и не беа констатирани сериозни повреди“, се додава.

Украинските власти сега ги истражуваат околностите на несреќата.

Претходно во средата, Зеленски го посети градот Изум, кој Украинците го вратија под своја контрола, само пет дена откако се случи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.