Заврши ерупцијата на најголемиот вулкан во светот

Сподели со своите пријатели

Спектакуларната ерупција на вулканот Мауна Лоа на Хаваите, најголемиот активен вулкан во светот што еруптираше на крајот на ноември по 38 години, сега е завршена, соопшти денеска Американскиот геофизички институт (USGS).

Loading...

На врвот на ерупцијата, вукланот исфрли лава висока до 60 метри, која потоа течеше по планината.

За две недели, Мауна Лоа, кој е толку голем што покрива половина од островот Хаваи, најголемиот од тој архипелаг во Пацификот, исто така испушти тони вулкански гас.

Но, ерупцијата на овој титан, чие име на хавајски значи Долга планина, не ги погоди островјаните и сега е завршена.

Ману Лоа повеќе не еруптира, објавија научниците од Американскиот институт во својот последен извештај.

На североисточната страна на вулканот се формирале пукнатини каде што се концентрирале тековите на лавата и каде што во еден момент се заканувале да се спуштат на еден од главните патишта на островот.

Институтот изјави дека тековите на лавата сега треба да се оладат, но дека стопената карпа е сè уште жешка и дека сè уште може да се видат светлечки точки уште некое време.

„Сепак, не очекуваме дека ќе се врати еруптивната активност, со оглед на однесувањето на вулканот при претходните ерупции“, велат од Институтот.

Loading...

Мануа Лоа со врв на 4.169 метри е еден од шесте активни вулкани на хавајскиот архипелаг и има 33 ерупции од 1843 година. Претходната ерупција пред оваа беше во 1984 година.