Зависноста од мобилни телефони ја менува структурата на мозокот

Сподели со своите пријатели

Повеќето од нас деновиве имаат паметни телефони кои ни овозможуваат многу повеќе отколку само да остваруваме повици.

Loading...

Можеме да сурфаме на интернет, да играме игри, да цртаме, да фотографираме и снимаме видеа со висока резолуција и многу повеќе.

Руски експеримент кој леди крв во вените: Ги замолиле тинејџерите 8 часа да бидат без мобилен и интернет

Во овој поглед, не е изненадувачки што има такви што поминуваат повеќе време на своите телефони од другите.

Сепак, се чини дека можеби треба да се разгледува можноста за оставање на телефоните од време на време.

Според една неодамнешната студија, истражувачите користеле МРИ машини и откриле дека оние што се класифицирани како зависници од паметни телефони имаат физички изменета структура на мозокот, слична на она што лекарите ја гледаат кај зависниците од дрога.

Топ 5 заблуди за полнењето и батеријата на мобилниот телефон

Методологија за тестирање

Loading...

Тестот бил спроведен на 48 лица, од кои 22 биле категоризирани како зависници од паметни телефони.

Според истражувачите од универзитетот Хајделберг, „Со оглед на нивната широка употреба и зголемената популарност, оваа студија ја доведува во прашање безбедноста на паметните телефони, барем кај лица кои се изложени на зголемен ризик од развој на зависно однесување поврзано со паметните телефони“.

Сериозни знаци дека сте зависни од мобилен телефон

Зависноста од паметни телефони не е нова и порано сме слушнале за тоа, но овие откритија даваат одредена доза на загриженост.

Имајќи го ова предвид, компании како „Епл“ и „Гугл“ воведоа функции на своите телефони и оперативни системи за да го намалат времето што корисниците го поминуваат на нив.

Leave a Reply