Неутралната зона меѓу Грција и Македонија е затворена за премин во реонот на граничниот премин Идомени, јавува радио Атина, а пренесува БТА.
Бегалците од Иран, Авганистан и Сирија кои транзитираат кон Македонија и од тука кон земјите на Западна Европа сега се спречени со затворањето на оваа неутрална зона.
Според полицијата, на бензинската станица во таа област веќе има насоберено седум автобуси со над 400 бегалци кои од вчера од 17 часот до денес се заглавени и го чекаат специјалниот воз од Македонија кој истите треба да ги пренесе до Табановце.
Кога тие ќе тргнат бегалците кон Европската Унија која им е крајна цел, никој ниту во Грција, ниту во Македонија не знае. Се што официјално се знае е дека тие се заглавени од вчера откако „Словенски железници“ испратиле итно депеше до Загреб, Белград и до Скопје во кое известиле дека имаат дефект на пругата и за да не дојде до застој на превозот на бегалци, да не се испраќаат возовите со бегалците додека не го решат проблемот.
Македонскиот Центар за управување со ркизи вели дека композицијата кај Гевгелија чека одобрение да замине кон Идомени и да ги качи бегалците, но засега такво одобрение нема, вчера три компзиции превезле бегалци од Гевгелија до Табановце, според информација од ЦУК, пренесува порталот ПлусИнфо.
Официјалниот премин за бегалците кај котата 59 денеска е затворен, бегалците кои вчера биле во Македонија од Табановце заминале во 16:30 часот, а патот до Миратовац го минуваат пеш, бидејќи до таму нема линија, а од таму со автобуси заминуваат до Прешево.
Во Грција пак во следните два дена ќе трае штрајкот на бродските работници, како и други синдикални организации во земјата.