Заталкан куршум оштети возило во Матејче

Сподели со своите пријатели

Заталкан куршум вчеравечер оштетил патничко моторно возило во липковското село Матејче.

Loading...

– На 15.08.2023 во 00.15 часот во Полициското одделение Матејче, И.З. пријавил дека во неговиот двор во село Матејче од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко моторно возило „цитроен берлинго“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило