Застрашувачка снимка: Патник од авион го снимил почетокот на иранскиот напад врз Израел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во вторникот вечерта, Иран го нападна Израел со 180 проектили, од кои повеќето наводно биле хиперсонични ракети Фатах, кои биле употребени за прв пат.

Моментот на лансирањето на ракетата го снимил патник на комерцијален лет, бидејќи Иран не го затворил својот воздушен простор.

На видеото јавно се гледа како проектили полетуваат од локации лоцирани веднаш до иранскиот град Шираз, пишува Antena Observator.

Патникот, како што се наведува во описот на објавата со видеото, успеал да го сними овој момент бидејќи Иран пред нападот не го затворил својот воздушен простор за цивилни летови, па леталото се наоѓало на небото над Шираз токму кога ракетите полетале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не помагаат изјавите на Трамп: Цените на нафтатат надминаа 108 долари

Одлуката да не се затвори воздушниот простор пред нападот можеше да доведе до трагедија, се вели во соопштението.

Патем, овие проектили го поминаа растојанието меѓу Иран и Израел за околу 15 минути, летајќи на многу поголема височина од другите проектили, што го отежнуваше нивното пресретнување. Исто така, ракетите Фатах имаат многу поголем дострел и погодуваат цели со голема брзина.

Иран соопшти дека цели на нападот биле три израелски воени бази и други воени постројки, без да се гаѓаат цивилни цели.

Иранците побараа од САД да не се мешаат во конфликтот и им пренесоа на европските земји дека не сакаат ескалација, но дека нема да се повлечат доколку постои опасност од голема војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОАЕ се приклучува на мисијата за отворање на Ормутскиот теснец

Од друга страна, Израел најави дека веќе подготвува „одговор“ на нападот од вторник навечер, а главни цели ќе бидат иранските нафтени инсталации.

Исто така, Израел ги интензивира копнените операции во Либан и го зголемува борбениот капацитет на границата.