Нови 210 висококвалитетни дрвја денеска беа засадени во Градскиот парк во Куманово преку проектот „ЕУ за чист воздух“.
Станува збор за проект во којшто Европската унија и УНОПС вложуваат средства за да ѝ помогнат на Македонија да се избори за почист воздух.
Како што рече Штефан Худолин, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, станува дел за голем проект вреден 10 милиони евра, со кој треба да се подобри квалитетот во воздухот не само во Куманово, туку и во Скопје, Битола и Тетово.
– За жал на ниво на ЕУ и низ целиот свет, ова се дел од најзагадените градови и ние сакаме да дадеме свој придонес за заштита на животната средина, меѓутоа за жал садењето на дрвја нема да биде доволно за ова, потребно е да се направат напори на сите нивоа од страна на граѓаните, институциите, од донесувачите на политики за да се создаде нешто што ќе биде одржливо и ќе потрае за граѓаните, изјави Худолин.
Во рамките на проектот, во повеќе фази и на различни локации, ќе се засадар над 2.00 дрвја, а свен со загадувањето, се очекува е и да се постигне зацртната цел на ЕУ за јаглеродна неутралност.
Како што истакна, Марко Вујачиќ, програмски раководител УНОПС, ова е само дел од активностите. Во рамките на проектот се поставуваат и топлотни системи во два објекти, а исто ќе биде направено и на седум други следната година.
– Европската унија ќе одели 1,1 милиони евра за Општина Куманово и ќе продолжиме со многу активности во 2025 година заедно со општината и унопс и затоа се надевам дека овие активности ќе имаат навистина добри резултати кои ќе можеме да ги посведочиме, рече Вујачиќ.
Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, вели дека ваквите висококвалитетни дрвја ѝ се најпотребни на општината, со оглед дека воздухот е загаден.
– Знаеме дека сме некаде трета некаде четврта општина по загаденост, меѓутоа општина куманово преку овој проект и уште два што се најавуваат, на секој моен начин гледа се подобри нивото на воздух во Куманово. Освен дрвјата што се садат, ќе се насадат 1815 дрвја во рамките на овој проект на Градскиот кеј, Градскиот парк, во Соколана, ќе имаме поврзување на главните институции загадувачи на гас. Општина куманово учествува со свои финансии во приклучоците, рече таа.
Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“, чии екипи денеска заедно со учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ ги засадија дрвјата, вели дека досега се добиени 1.115 садници.
– Ова е трета испорака на тие садници и денеска на ова врнежливо време, а тоа се перфектни услови за садење, садиме 210 садници од два типа еремика и платон. Тоа се повеќегодишни висококвалитетни шкослки дрвја, а целиот проект опфаќа 1815 садници. Веќе ова е трета фаза, четвртата е на 20 декември кога ќе заврши садењето. Овие сум типа на саданици не се само споменатите два, тука се и брези, смреки, див костен, како и јавор, служат за прочситвување на воздухот и озеленување, изјави Стојановски.
Тој апелираше граѓаните да се грижат за дрвјата, оти претходната пракса покажала уништување, па дури и крадење на дел од садниците.
Никола Ивановски