Заради брз трансфер на пари од странство – 500 граѓани останаа без социјална помош

Сподели со своите пријатели

Над петстоини граѓани на Куманово се пожалиле во Националниот ромски центар дека го изгубиле правото за социјална или постојана парична помош, откако во текот на изминатите три до четири години, примиле паричен надоместок од странство по разни основи, иако според правилникот на МТСП, одлуката за укинување парична помош ќе се однесува за секој трансфер од странство повисок од 50 000 денари, почнувајќи од јануари 2015 година.

Loading...

Како што соопшти Ашмед Елезовски од НРЦ, деновиве интензивно се работи на правна помош за оштетените граѓани со бесплатна правна помош во центарот, упатување кај Народниот правобранител или во Скопје доколку се работи за посложени случаи, од причина што бројот на граѓаните расне од ден на ден, за одлука која беше донесена од Министерството за труд и социјална политика на почетокот на 2015 година.

dokument 2 (6)

 

Елезовски додава дека оштетените граѓани припаѓаат на разни етнички заедници кои го изгубиле правото на надомест заради трансфер на пари од странство примени за случаи како смрт, погреб или лекување:

– Над петстотини граѓани се пожалија во нашата канцеларија за губење на правото за социјална или парична помош, за примени парични  средства од странство во текот на 2014, 13 па дури и 2013 година. Одредбата на МТСП важи од јануари 2015, но според нашите Центри за социјална работа, оваа одлука важи ретроградно, вели Елезовски.

Со ваквиот однос на надлежните, Елезовски вели дека е прекршен Уставот на РМ, а граѓаните за сметка на погрешно толкување на одлуките и подзаконските акти, ќе останат без надоместок во услови кога ниту еден член од семејствата не е вработен и се наоѓаат на работ на егзистенција.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *