Како што пренесува Канал 5 телевизија, наскоро ќе запоќне процесот за дезинсекција, дезинфекција и дератизација во основните и средните училишта во градот како и во објектите на детската градинка.
Веќе привршува внатрешното чистење на овие објекти и уредување на установите, интензивно да се подготват за стартот на новата учебна година.
Покрај третмани во јавните установи и институции и граѓаните бараат дезинсекција, дезинфекција и дератизација во летниот период. Најчесто во домаќинствата од Центарот за јавно здравје граѓаните барале дезинсекција на домовите. Неминовно и објектите каде се подготвува, складира и преработува храна, како што се ресторани, сендвичари и пекарници, бараат зачестени услуги, вели за Канал 5 доктор Јадранка Саменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.
Наредната недела пак ќе се изврши втората фаза на терестичката дезинсекција во Оптшина Старо Нагоричане и Ранковце, додека во Општина Липково, таа е целосно завршена.