Започна уредувањето околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Деновиве започна да се уредува просторот околу Спортската сала во Куманово, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Внатрешната реконструкција е речиси целосно завршена. Поставен е новиот паркет, санирани се санитарните јазли, комплетно е обновена спортката опрема, поставен е новиот семафор, а откако ќе завшри партерното уредување се очекува и повторно да биде отворена.

 

 

Иако претходно имаше најави дека објектот ќе биде реотворен за Денот на градот, 11 Ноември, тога не се случи поради пролонгирање на градежните зафати.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Осум кандидати за градоначалници и 14 советнички листи во Куманово

 

 

Никола Ивановски