Бугарските цариници открија речиси половина тон хероин во пристаништето Бургас, што е најголемата заплена на дрога во историјата на регионот.
Loading...
Пронајдени се вкупно 436 килограми хероин, спакувани во 434 пакувања, чија вредност се проценува на околу 35 милиони евра, пренесува порталот Новините.
Хероинот бил скриен во товарна приколка со казахстански регистарски таблички, која пристигнала по море кон крајот на јули на пат од Киргистан преку Батуми до Бургас, а потоа до Александрополис, Грција.
Приколката која требало да превезува машини за поставување кабли предизвикала сомнеж поради невообичаено долг престој во пристаништето, а на 9 август при рендгенски преглед.