Западна Европа треба да се вклучи во обновата на Украина, вели шефот на Светска банка

Сподели со своите пријатели

Светска банка е подготвена да го направи својот дел во обновата на Украина, по уништувањето во руската инвазија, но меѓународните финансиски институции не можат сами да ја обезбедат целата сума, затоа треба да се вклучат и западноевропските земји, рече претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, во вторникот.

Loading...

Говорејќи на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, Малпас истакна дека Светската банка одигра голема улога во обновата на европската челична индустрија по Втората светска војна и дека може да игра слична улога во Украина.

Уништувањето е застрашувачко, рече тој, цитирајќи ја неодамнешната проценка дека обновата на украинската економија ќе чини 411 милијарди долари, или 2,6 пати повеќе од очекуваниот бруто домашен производ (БДП) на Украина во 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

„Банката е подготвена да ја одигра својата улога во обновувањето“

Оваа сума, која ја пресметаа Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и Украина, е значително повисока од проценката од 349 милијарди долари, објавена во септември минатата година.

Вкупните обврски на Светска банка во 2022 година изнесуваат 75 милијарди долари, што е за 50 отсто повеќе од просекот.

Европската унија има големи ресурси кои би можеле да бидат вклучени, рече Малпас.

„Банката е подготвена да ја одигра својата улога во реконструкцијата, но сумата за реконструкција на електроенергетскиот, патниот и железничкиот сектор е многу поголема во споредба со билансите на меѓународните финансиски институции“, посочи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Американската министерка за финансии Џенет Јелен во вторникот повтори дека Вашингтон ќе ја поддржува Украина се додека е потребно.

Loading...

Таа рече дека поддршката од САД и Европската унија ќе биде доволна за Украина до крајот на годината, но ако војната продолжи, Вашингтон ќе мора да работи со партнерите за да обезбеди дополнителна поддршка.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.