Во француското место Роубаикс во тек е заложничка драма, пренесува агенцијата Ројтерс.
Станува збор за град кој се наоѓа на самата граница меѓу Франција и Белгија.
Според првичните информации на местото на настанот се слушаат пукотници, а наводно има и жртви.
Како што наведуваа очевидците напаѓачите држат наоружени со калашникови неколку луѓе во заложништво.
– Дојде до пукање, целото подрачје е блокирано – кратко изјавил еден извор од полицијата за агенцијата Ројтерс.
На самото место пристигнале бројни полициски и медицински екипи.
Француските обвинители рекле дека најверојатно се работи за вооружен грабеж кој тргнал на лошо, објавила медиската мрежа MSNBC и навела дека најверојатно овој настан нема врска со нападите од 13-ти овој месец.