Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април, изјави на денешната прес конференција Зоран Заев, лидер на СДСМ, откако Меѓународната заедница објави дека во Македонија не може да се одржат избори на 24 април.
Според Заев, она што постојано го говорела партијата е директно потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД.
Нема услови за регуларни, кредибилни избори затоа што не е прочистен Избирачкиот список и не се спроведени реформи за слободни медиуми.
Кога меѓународната заедница најави објективна оценка за условите за одржување предвремени избори во Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против. Напротив, рекоа дека ќе ја очекуваат оваа оценка на ЕУ и САД.
Оттогаш, заради страв од промените, власта во заминување, но и некои други, тврдеа дека има услови за фер и демократски избори на 24-ти април. Вчера, Никола Груевски избега од објективната оценка. Вчера, Никола Груевски избега од соочување со вистината.
Вистината е болна за Никола Груевски. Тој ги направи изборите на 24-ти април невозможни.
Фер избори на 24-ти април не може и нема да има. Било какво инсистирање на нерегуларни избори, само заради спас на кожата на Никола Груевски и фамилијата, ќе ја втурне Македонија во драматична криза со несогледливи последици.
Во Македонија мора да има фер, кристално чисти избори со слободно изразена волја на граѓаните, потврдени од меѓународната заедница, истакна Заев.
Loading...