Заев: Од април ќе ја водам новата Влада на Македонија (видео)

Сподели со своите пријатели

Изборот на двајцата министри и тројца заменици од редовите на СДСМ во текот на вчерашниот ден, за Зоран Заев не значи и коалицирање со Владата предводена од Никола Груевски, туку е дел од Договорот од Пржино, изјави Заев на прес конференција одржана пред Собранието на РМ.

Loading...

Ова не е коалција со ВМРО ДПМНЕ. Ова е практицирање на договор кој што после неколку месеци е ставен на хартија и негово реализирање, потенцираше Заев.

Претседателот на опозицијата за новинарите изјави дека тој од април нема да биде градоначалник на Струмица, затоа што ќе биде новиот премиер на Република Македонија.