Заев: Не ја почнувам лидерската средба без присуство на сите новинари (видео)

Сподели со своите пријатели

На деветиот ден откако е поставен кампот пред Владата на РМ од страна на опозицискиот фронт, свое обраќање во понеделник имаше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој на дебатата „Каква Македонија сакаме“ најави дека нема да почне разговори во Клубот на пратеници закажана за 26 мај, доколку не бидат пуштени сите новинари во објектот.

Loading...

– Утре моите асистенти кога ќе бидат со мене во клубот на пратеници, додека не ми дадат сигнал дека сите новинари се пуштени внатре, јас преговори и разговори не почнувам. Политичарите мора да дозволат прашања и да одговарат на истите, не можеме да велиме дека седмата сила е совеста во општество, како ќе биде таа сила охрабрена ако не смее да поставува прашања, изјави Заев.

 

Leave a Reply