Заев ја претстави новата програма на СДСМ: „Визија за Македонија“

Сподели со своите пријатели

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска го претстави новиот проект на партијата наречен „Визијата за Македонија“, кој во следните недели ќе биде промовиран низ целата земја.

Loading...

Тој нагласи дека во секој град ќе бидат одржани и јавни трибини, на кои граѓаните ќе може да ги искажат своите мислења, ставови и идеи по однос на проектите, кои ќе бидат имплементирани како заеднички проект.

„Визијата за Македонија“ се базира на пет столба и секој од нив детално ја опфаќа областа за која се однесува.

– Платите на граѓаните обезбедуваат пристоен живот, пензиите обезбедуваат достоинствена старост, даноците се помали за сиромашните граѓани, а повисоки за најбогатите, социјалната помош ги извлекува корисниците од сиромаштија, државата помага развој на домашните претпријатија – тие отвараат нови работни места, земјоделците располагаат со својата земја, за родот обезбедуваме пласман, вложуваме во домашни енергетски капцитети за стабилна и поефтина струја, градиме модерни патишта за безбеден сообраќај, лекарите ги задржуваме во јавното здравство со достоинствени услови за работа, граѓаните кои имаат потреба од лекарска помош добиваат квалитетни и брзи услуги, наставниците и професорите се почитувани и вреднувани, кклучно во образованието на учениците и студентите е да научaт, не е оценувањето, пполицијата ги штити граѓаните, а не власта прва задача на инспекциите е да укажуваат, не да казнуваат да живееме во чиста животна средина со современа заштита на воздухот, водата и земјата, граѓаните сите основни потреби можат да ги завршат во општините во кои живеат, да создаваме општество во кое има место за сите, граѓаните остануваат да живеат во Македонија и ги враќаме оние кои заминале, да живееме без притисоци, уцени и закани, во безбедна, демократска, европска Македонија, членка на ЕУ и НАТО, а владата да е сервис на граѓаните. Вакво општество е можно почитувани граѓани. Тоа е општество на стабилната и спокојна средна класа која ќе биде двигател и браник на сите економски и демокртаски процеси во државата – рече Заев.

Тој нагласи дека првиот столб обезбедува одговорна власт и контрола на власта.

– Тој проект го враќаме во владение на граѓаните општеството кое е сега киднапирано од мала група луѓе на власт и спречуваме тоа во иднина да се случи. Вториот столб обезбедува праведна распределба на доход и извлекување од сиромаштија. Со тоа се воведуваат промени во даночниот систем и системот на социјални трансфери на принцип на правичност. Третиот столб обезбедува развој на домашните капацитети и пристојна работа. Со тоа ќе се постави основа за економски развој и за отворање работни места. Приоритет е поддршка на домашните претпријатија – посочи Заев.

За четвртиот столб рече дека ќе обезбедува европска иднина и квалитетен живот.

– Ќе градиме општество по европски терк со нова енергија во евро-атлантските интеграции на Македонија. Петтиот столб обезбедува едно општество за сите. Ќе сставаме крај на изградбата различни колосеци, македонски, албански или какви и да се. Со тоа постигнуваме внатрешна стабилност на државата. Петте столбови ги креваме истовремено. Успех во борбата со сиромаштијата не е можен ако не се обезбеди стабилна домашна економија. Развојот на економијата не е можен без добри меѓуетнички односи. Петте столбови ја обезбедуваат долго бараната, неопходната сигурност во нашите животи – изјави лидерот на СДСМ.

Loading...

Тој рече дека секој има своја визија и СДСМ ќе даде можност секој да може да даде идеи.

– Затоа го отвораме процесот на усогласување со граѓаните. Сакаме да ги вкрстиме визиите. Таму каде што во мнозинство ќе се пресретнеме во иста точка, тие мерки ќе бидат дел од Програмата. Ќе излезете, ќе видите. Првиот пункт е поставен, пред седиштето на СДСМ. Ќе бидат отворени и други, на други места. Секој граѓанин може да дојде и да ја остави својата идеја или да ја сподели неговата визија за Македонија. Од денеска отвораме и широки дебати, со секој заинтересиран да учествува. Првата дебата е вечерва во Неготино. По секои две дебати низ Македонија, ќе следува централна дебата во Скопје, на иста тема – посочи Заев.

За остатокот од програмата тој рече:

– Отвораме можност и за on line комуникација, преку интернет, каде што секој може да го каже својот став, коментар, дополнување. За ова дополнително ќе известиме. Процесот на градење заедничката визија за Македонија е отворен во следните 5 недели. Секое мислење е важно. Секој придонес е драгоцен. Сакаме да слушнеме квалитетна расправа, предлози, критики, сугестии. Подавам рака, во име на Социјалдемократскиот сојуз, до секој граѓанин – поединец, група, здружение, организација, заедно да ја испланираме обновата на нашата земја.Програмата со која ќе излеземе пред јавноста, по целиот процес на усогласување ќе биде Програма за граѓаните и од граѓаните на Република Македонија.Само на овој начин, убедени дека сме на истиот пат, од 24 април, заедно, успешно, ќе ја градиме иднината на државата.

текст и фото: плусинфо.мк