Заев: Избори се можни само со чист Избирачки список и регулација на медиумите (видео)

Сподели со своите пријатели

За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и и без навремено прочистување на Избирачкиот список, изјави доцна синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако во Пржино пропаднаа преговорите со еврокомесарот Јоханес Хан за одржување избори на 24 април

Ако се одржат избори на 24 април, ние на такви избори нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување избори. Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија, изјави Заев.

Прашан за тоа дали тоа значи дека пропаднаа преговорите, Заев потврдно изјави дека наскоро ќе се знаат сите детали.

Останатите три партии во преговорите, според еврокомесарот Јоханес Хан, биле сложни за датумот и гарантирале исполнување на договорот. Премиерот Никола Груевски го обвинува лидерот на СДСМ Зоран Заев за пропаѓањето на преговорите.

Loading...