Заев е прв политичар кој по немирите го посети кумановско ”Диво насеље” (видео)

Сподели со своите пријатели

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денес во придружба на кумановскиот градоначалник и секретарот Оливер Спасовски и делегација од партијата, остварија посета на разрушените домови во нас. Тоде Мендол.

Loading...

DSC_0066 copy

Заев посети неколку домови од трите тесни улици во Диво насеље и нагласи дека денешната посета е од неколку причини, односно, да се изрази сочуство до бранителите кои ги изгубија животите во акцијата во Куманово, но и до граѓаните кои поминаа низ тешки трауми во последните два дена.

– Да ги отвориме дилемите како тоа тие криминални групи и допреа овде, во срцето на Куманово, токму каде што живее цивилно мирољубиво население, истакна Заев.

Полициските сили, според него, професионално си ја завршија работата и биле крајно вниматели со народот.

На новинарско прашање за заклучоците од Советот на безбедност, Заев рече дека не било кажано ништо повеќе од тоа што е соопштено на јавноста. Тој рече дека „за една работа било излажано на Советот“, но не сакаше да го сподели тоа со јавноста.

Loading...

– Според информациите што беа пласирани, полицијата осум месеци ја следела групата и имала информации за неа. Надлежните можеле да постапат поинаку и да спречат да не дојде до ова сценарио. Претседателот воопшто не бил информиран за сериозноста на акцијата и поради тоа заминал во Москва. На прашањата кои ги поставив, не добив одговор, освен дека тоа МВР ќе го соопшти – изјави Заев.

Поздравен со аплаузи од локалното население, Заев го изрази своето уверување дека народот со последните немири во Куманово, покажал колку е единствен, иако на сите негови тврдења пред настаните, некои често ставале прашалници.

 

Leave a Reply