Сите пресметки ќе се направат, како што гледате условена е оставката на премиерот, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната остварена средба со Еврокомесарот Јоханес Хан.
Според Заев, Груевски е свесен дека не се стигнува со роковите за Избирачкиот список, нешто што секако беше важно уште пред „бомбите“, нешто што е императив.
Делот за избирачкиот список, медиумите се лесно мерливи величини. Денеска се разглобуват сите овие детали и имаме обврска сите партиципиенти во овој процес чесно да пристапиме пред граѓаните, гарантирајќи им слободна изразена волја. Опозицијата е најважниот фактор кој треба да обезбеди слободна волја на изборот на граѓаните и секако исполнети услови за кристално чисти предизборни и изборни активности, истакна Заев.
Прашан за тоа каква била реакцијата на Хан на ваковиот став на Заев, лидерот на СДСМ изјави дека средбите со Хан денес продолжуваат и со останатите политички партии, а поручек ќе се знаат заклучоците од сите средби.
Loading...