Со цел поголема посетеност на геотермалната бања Стрновац, Општина Старо Нагоричане воведе редовна автобуска линија во соработка со приватната транспортна компанија ”Јоцо Турс”.
Loading...
Автобусите на “Јоцо Турс“ од понеделник до петок ќе тргнуваат во 7.40 и 15.30 часот од Автобуската станица во Куманово, со повратен билет во 16 часот.
Во сабота и недела, тргнувањето од бањата Стрновац назад кон Куманово е закажано за 17.15 часот.
Изворите на термоминерална вода се до самата река Пчиња, опкружени со зеленило од врби, тополи и четинарски растенија. Тука се наоѓаат и два монтажни ресторани.