За неколку дена ќе биде пуштена пругата од Куманово за Бељаковце

Сподели со своите пријатели

Во наредните неколку дена ќе биде пуштена во употребата пругата Куманово – Бељаковце која треба Македонија железнички да ја поврзе со Бугарија.

Loading...

Ова денеска го најави премиерот Христијан мицкоски, кој рече дека Македонија е природна крстосница на два паневроски коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10.

– Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков преубав експресен пат, којшто ги поврзува градовите Куманово и Крива Паланка, односно од местото Чатал преку Длабочица до Крива Паланка или од местото Страцин попознато за оние коишто патуваат кон нашиот источен сосед Бугарија, потсети Мицкоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бункер во автомобил откриен на Табановце, запленета и разна стока

 

 

Денеска беше пуштен патот од Градско, Дреново – Фариш којшто е дел од Коридорот 10.

– За неколку дена од денес, ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија, којашто треба да го поврзе Куманово со Бељаковце. И ова се три проекта коишто треба да го одбележат почетокот на оваа година, коишто многу лесно можеше да бидат споменици на едно лошо време, коешто сите се трудиме да остане во заборав и коешто лошо време нѐ влечеше назад, додаде премиерот.

Loading...

Никола Ивановски