Здружението на граѓани „За наше Куманово“ вчера одржало седница на Извршен одбор на кој донеле заклучок дека се против измени на законите за матични книги и за родова еднаквост.
Нивното соопштение ви го пренесуваме интегрално:
„Здружението За НАШЕ КУМАНОВО делува и функционира во духот на традиционалните општествени норми со кои јасно е дефинирана половата/родовата припадност на луѓето од моментот на зачнувањети и раѓањето на половата единка се до нејзината смрт.
Ги задржуваме традиционалните лични вредности, при тоа почитувајќи ги сите ставови и определби во општеството.
Ние како здружение предлагаме овој тип на суштествени прашања во иднина да бидат ставени на изјаснување од страна на граѓаните преку разни демократски форми како што е референдумот“, стои во соопштението.