„За наше Куманово“ организира крводарителска акција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Под слоганот „Дарувај крв, спаси живот” здружението на граѓани „За наше Куманово“ утре организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството.

Loading...

Крводарителската акција ќе се реализира на 14 јуни (среда) во просториите на кружна сала на поранешен комитет, во периодот од 10:00 до 16:00 часот.

– Акцијата ја спроведуваме во соработка со Институт за трансфузиологија од Скопје веќе втор пат. Првата ја реализиравме на 19 декември 2022 година и имаме цел истите да станат традиција. Со оглед на тоа што живееме во непредвидливо време, многу често се соочуваме со недостиг на крвни единици од сите крвни групи. Затоа, да бидеме хумани и да спасиме нечиј живот, само така можеме да го движиме општеството на напред, изјави Стефан Петковски, портпарол на здружението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Петковски ги повика сите граѓани на општината да бидат дел од акцијата со цел да се спаси нечиј живот.

Никола Ивановски

Loading...