За десет дена во Грузија влегле над 78.000 руски државјани

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека во земјата во последните десет дена влегле 78.742 руски државјани.

Loading...

Во соопштението на министерството се наведува дека во Русија е прогласена делумна мобилизација, поради што во последните неколку дена се зголемил бројот на оние кои влегле во Грузија.

Беше истакнато дека зголемувањето на бројот на оние кои влегле во Грузија од Русија се случува од 23 септември.

Во последните десет дена во Грузија влегле 78.742 руски државјани, а во Русија се вратиле 62.120 лица.

Констатирано е дека се преземени дополнителни безбедносни мерки на граничниот премин Казбеги.

Министерот за внатрешни работи на Грузија, Вахтанг Гомелаури, во изјава за медиумите рече дека во изминатата недела бројот на руски државјани кои влегле во Грузија се зголемил за 40-45 отсто.

Лидерите на неколку опозициски партии во Грузија потсетија дека Русија окупирала 20 отсто од грузиската територија и изразија незадоволство од доаѓањето на руските граѓани.

Опозициските партии за утре најавија протести на руско-грузиската граница.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.